Нема ништо попривлечно од тоа да избегате од градскиот метеж и да живеете некаде далеку каде би станале едно со природата. Но реалноста е малку поразлична и помалку привлечна. Дури и кампувањето е привлечно но на краток рок, сè додека не сфатите колку модерната технологија го направила удобен животот.

Една компанија со седиште во Сингапур, го земала сето тоа во предвид и го направила Nestron Cube високотехнолошки мал дом кој треба да обезбеди едноставен живот. Овој мал, комплетно опремен дом, ќе Ви биде доставен каде и да сакате.

Nestron Cube е направен од челик и ги исполнува стандардите за заштита од пожар, механичка издржливост, стабилност и сеизмичка заштита, но фасцинацијата е поголема кога ќе дознаете дека оваа куќа е изграден од еколошки материјали кои може да се рециклираат. Но ова не е се. Покрај сите овие комодитети со Nestron Cube доаѓа и AI асистент, кој со гласовна команда ги контролира функциите и уредите во куќата.