Паметниот звучник на Google, кој го носи името Nest Mini е целосно изработен од рециклирани пластични шишиња.
Обидувајќи се да ја подигне свеста кај своите потрошувачи, една од најголемите компании во светот, Google, ја објави својата програма преземајќи голем чекор. Имено, стремејќи се кон одржливост и заштита на животната средина и планетата, Google објави инвестиција од 150 милиони долари во обновлива одржлива енергија. Само два месеци порано, компанијата ја најави својата посветеност кон одржливоста преку Made by Google, давајќи ветување дека до 2022 година, компанијата ќе почне да продава уреди од рециклирани материјали.
Тоа и се случи пред некој ден, кога беа претставени Nest Mini, Nest Wifi, Nest Aware – производи за Nest, домашниот смарт асистент. Од Google изјавија дека ќе се потрудат сите овие производи да содржат во себе рециклирани материјали, а се пофалија дека Nest Mini, смарт звучникот, е комплетно изработен од рециклирани пластични шишиња. Нормално, без да се прават компромиси во однос на стилот, бојата или квалитетот на производите.
Освен производите на Google Nest, ги најавија и Pixelbook Go laptop, Google Pixel Buds како и гејминг платформата наречена Stadia.