Според експертот и психотерапевт Рос Гросман, паровите во несреќен брак најчесто се расправаат на три работи: пари, секс и моќ. „Секоја од овие расправии понатаму може да се сведе само на моќ. Кој одлучува кога ќе имате секс? Каков секс? Кој одлучува на што и како ќе се потрошат парите? Дали децата треба да одат во приватна или државна градинка?“

Паровите, како што објаснува Гросман, потпаѓаат во замка на издавачи на наредби и примачи на наредби. А секој здрав човек сака да има свое мислење во една врска. „Ова е често причина за несреќни бракови“, вели Гросман.

Некој кој живее на ваквиот начин на издавач/примач, верува  дека знае како функционира универзумот. Кога неговиот партнер се обидува да ги смени тие универзални правила, доаѓа до конфликт. 

Менталниот склоп на „Јас знам што е правилно“ е најчесто она што пројавува најголем проблем кај двојките. Ова е важно да го имате на ум, кога ќе ги земете предвид следните знаци кои укажуваат на несреќен брак: 

  • Таинственост за социјалните мрежи и мобилниот телефон 

Сè додека не барате секојдневен извештај од партнерката за онлајн активностите и постојано не го надгледувате, не би требало да е проблем да ги видите нејзините социјални мрежи и телефонот. Но, потребно е да се запрашате зошто сакате пристап? Зарем се сомневате во нејзината лојалност? „Решението не е да го погледнете телефонот, туку да разговарате за приватноста и довербата“, објаснува Гросман. 

  • Недоволно сексуални односи

Секако дека постојат причини и моменти кога некому не му е дојдено до секс. Но, ако сушата трае неколку месеци, дефинитивно вреди да се разговара. Можеби сексот е болен и непријатен па треба да пронајдете заедничко решение тоа да е уживање за двајцата. Можеби еден од вас инсистира на совршенство и има проблем со самодовербата. Во секој случај, само искрениот и отворен разговор може да го реши проблемот.

брак

 

  • Недоволно комплименти

Гросман го нарекува ова љубовен депозит. Заблагодарувајте ѝ се на партнерката, кажете ѝ дека изгледа добро, дека ви значи и ја цените. Гросман вели дека овој депозит доаѓа во форма на комплименти, мали гестови и подароци, помош. 

  • Кавги во јавност

Без разлика кој добро функционира една двојка, секогаш ќе има теми за кои ќе имате различни мислења. „Ако партнерот не може да се контролира, па не ги бира зборовите кога се обидува да ве победи во расправија пред други луѓе, тогаш страда од менталниот концепт на издавач/примач. Тогаш смета, дека вие, како другата половина на равенкава, треба да останете смирен и воздржан, па секое ваше спротивставување му изгледа како предавство“, објаснува Гросман. 

  • Недостаток на хумор

„Хуморот е клучен за бракот“, вели Гросман. Ако не можете да ја свртете кавгата на смеа, значи дека не постои доволно љубов и желба за разрешување. 

  • Неприфаќање критика

Ова важи за двете страни. Нормално, никој не сака да биде критикуван. Но, комплетната одбивност да се послуша критика покажува несигурност во себе и недостаток на хумор и човечност. На крајот на краиштата, човечки е да се греши. Ако не прифаќате критика, нема да имате развој. Ниту личен, ниту во вашиот брак.

  • Глумење жртва

Во секоја кавга, вината се припишува на двете страни, барем до одреден степен. Здравата врска изискува и вие и вашиот партнер да си ги признаете мааните. Но, ако чувствувате дека вашиот партнер е неправеден кон вас и при тоа молчите, нема да ви се реши ниту еден проблем. Само останувате подлабоко во својот несреќен брак.

  • Неприфаќање извинување

Сите правиме грешки. Некои помали, некои поголеми, некој повеќе, некој помалку. Но, ако ги тргнеме на страна нелојалноста, физичкото насилство и опасноста, останатите грешки заслужуваат шанса на искупување и поправање.