Hugo Boss соработува со својот глобален амбасадор Liam Payne во новата колекција инспирирана од стилот на живеење на британскиот пејач. Новата линија комбинира неконвенционална и спортска естетика која го отсликува стилот на Payne. Соработката на пејачот и познатиот бренд Hugo Boss почна пред нешто повеќе од една година и се чини дека ќе потрае.

Одвојувајќи го од другите колекции, секое парче е украсено со „go fast” шеврон амблем инспириран од една од тетоважите на британскиот пејач. Логото на брендот исто така е преработено во „HUGO93.LP“ што упатува на иницијалите на Payne и 1993 година, година на неговото раѓање.

View this post on Instagram

#HUGOxLiamPayne #FastForward 📸 @tomcraig

A post shared by Liam Payne (@liampayne) on

Оваа година е битна за компанијата од историски гледна точка бидејќи тогаш е воведена стратегијата на три бренда. „Научив многу за мојот стил во изминатите две години и многу сум благодарен што продолжувам да дизајнирам облека што сакам да ја носам. Оваа сезона многу ме отсликува. Во прашање се лесни стилови што се совршени за викендот “, се вели во изјавата на пејачот. Колекцијата се состои од машки поло маици, маици, шорцеви, дуксери, џемпери и пар патики.