Nendo претстави јапонски дизајн на фудбалска топка наменета за посиромашните заедници која не се надувува. Со надеж дека ќе го популаризира спортот и ќе го зголеми бројот на играчи, оваа компанија ја создава оваа нова фудбалска топка што не се надува, која го дава истото чувство при играње како стандардната топка но иновацијата е инспириран од структурата на традиционалната јапонска ткаена бамбус топка при што овозможува лесна поправка.

Оваа фудбалска топка на Nendo содржи 54 делови и е составена со употреба на три различни типа компоненти. Наместо да се потпира на внатрешниот притисок на воздухот, топката ја користи еластичноста на нејзиниот површински материјал за да ја задржи формата. Всушност оваа топка е составена од меки, рециклирани, компоненти од полипропилен и еластомерна синтетичка смола нема да им наштетат на босите стапала и веројатно нема да се скршат и нема да предизвикаат повреди.

Доколку некоја од компонентите се откачи или скрши, структурата нема да се расклопи, а корисниците ќе треба само да ја заменат или наместат компонентата. На тој начин е обезбедена висока одржливост и економска ефикасност со компактно пакување и ниски трошоци за испорака. Топката на Nenedo има потенцијал и за печатење на логоа и принтање на компоненти во различни бои, па така не е ограничена само за употреба на сиромашните заедници туку и на другите компании и луѓе кои тежнеат кон иновативност.