Дегустацијата на вината не се однесува на физичкото дегустирање, туку како процес на идентификување и ценење на слоевите на виното пред нас. Веројатно најголемиот дел не се обучени да знаат нешто повеќе од „добро вино“ или „лошо вино“ или пак да можат да прогласат предност за бело или црвено вино.

Учењето како да вкусиме вино и да препознаеме што пиеме е важно, затоа што на одреден начин се оправдува макотрпниот процес кој стои зад шишето кое се наоѓа на масата. Исто така, помага во зголемувањето на нашето општо ценење на виното како пијалок, што пак за возврат ни дава повеќе изговори да пиеме вино, секако за образовни цели.

вино

Постојат многу начини да се научи како да се дегустираат вина, но за целосните аматери, во прилог е најлесниот начин за почеток. Водичот за основите на дегустацијата на вино доаѓа од Џералд Лу, главниот сомелиер во Praelum Wine Bistro.

1. Верувајте во себе

„Не дозволувајте никој да влијае на вас за тоа што треба или не треба да го вкусите. Важно е да му верувате на вашето непце и на тој начин ќе можете најдобро да уживате во вкусот и во процесот“, гласи првиот совет на Лу.

2. Различни делови на јазикот регистрираат различни вкусови

Делува очигледно да се каже дека различни делови од јазикот реагираат како одговор на специфични профили на вкус, но бидејќи ова не го правиме активно од ден на ден, мора да се обрне внимание кога се пие вино.

вино

Слаткоста се регистрира на врвот од јазикот. Киселоста се открива на страните од јазикот и има тенденција на собирање и мало збрчкување и генерира плунка. Колку што повеќе се собира јазикот и генерира плунка, толку покисело е виното. Фенолната горчина се истакнува на задниот дел од јазикот, што е само правилен начин да се зборува за присуството на опипливата сува, горчлива карактеристика што се чувствува кога се пие вино.

3. Текстура и вкус

Сигурно честопати сте слушнале како луѓе зборуваат за некое вино дека е светло или лесно, средно или полно вино, и тоа се однесува на текстурата на виното. Шеќерот и алкохолот се во интеракција за да се сосздаде оваа „тежина“, па така полното вино ќе има повеќе шеќер и алкохол, за разлика, на пример, од лесното и суво вино.

4. Финиш: Колку подолго, толку подобро

Финишот е всушност добра мерка и показател за квалитетот на виното. Секое вино кое се уште ќе можете да го вкусите на вашиот јазик повеќе од осум до десет секунди по пиењето (вкусот треба да биде пријатен), се смета за идеално. Финишот на некое вино може да трае многу подолго откако ќе ја испиете последната капка, што овозможува навистина незаборавно искуство.

5. Како и зошто треба да се помириса и промеша виното во чаша

Внесувањето на носот во винската чаша не е само професионален потег, туку всушност го засилува вашето искуство за тоа што пиете, со оглед на тоа дека вашите миризливи сетила се главните кога станува збор за дегустацијата. Според Лу, при внесувањето на носот во чашата треба да мириснете кратко и брзо, не повеќе од две секунди, во спротивно етанолот ќе го наруши мирисот.

вино

Мешањето на виното во чаша оди заедно со мирисањето. Доколку некогаш сте замавнале со чашата само колку да изгледа дека знаете што правите, еве ја вистината: ја мешате чашата за да го оксидирате виното, да го ослободите неговиот „букет“. Обидете се да го мириснете виното пред и откако ќе ја промешате чашата – тоа ја прави разликата. Тоа што го чувствувате во носот на крајот го создава мирисот на виното и се вклопува во вистинските ноти за дегустација.

Како пример, Лу го опишува „букетот“ на Совињон Блан, истакнувајќи дека има многу светли, цитрични ароми. Лимон, цвеќиња, свежо исечена трева – сето тоа е типично за Совињон Блан.

6. Изгледот на виното исто така раскажува своја приказна

Не е се во вкусот и мирисот. Она што го гледате во чашата може да ви даде подлабоко разбирање за тоа што пиете. Иако визуелните знаци се многу понапреден чекор кон дегустирањето и обично помага при слепото дегустирање на вино, нема да ви наштети ако ги знаете барем основите.

За Лу, бојата кажува многу за староста на виното, колку е потемна, толку виното е постаро. Темнината исто така е индикација за тоа колку ќе бидат цврсти и изразени вкусовите.

вино

На крајот, вискозноста или лепливоста. Кога го мешате виното во вашата чаша, обрнете внимание на лентите кои паѓаат по страните на чашата. Овие „солзи“ го укажуваат нивото на шеќер и алкохол присутни во чашата – колку побавно паѓаат „солзите“ толку е поголемо количеството на шеќер и алкохол.

7. Артикулирајте го тоа што го пиете

Сега е време да ги соберете новите знаења заедно и се впуштите во дегустирање. Лу верува дека одржувањето на едноставност секогаш е клучно кога учите за дегустирањето. Не комплицирајте. Бидете јасни и останете едноставни.

Не очекувајте да наредите цела листа на состојки, ноти и карактеристики по само една голтка како што можат тренираните сомелиери. Кога пристапувате кон дегустацијата на вино како почетник, треба да ги имате на ум следниве работи:

Што разликува мојот јазик? Дали виното е слатко, ако е така, колку е слатко? Дали е кисело, затоа што напукнуваат страните на мојот јазик? Ако е така, колку е кисело? На кои вкусови се потсетувам?

вино

Иако на почетокот можеби не сте „вооружени“ со речник на вкусови, фокусирајќи се на тоа дали можете да вкусите овошни ноти (бобинки, цитрус, јаболка, на пример), ароматика (билки, цвеќиња), зачини (топол зачин, анасон, цимет…), а минералите од тоа што го пиете може да биде добар начин за почеток. Се е во тоа да направите конекција меѓу меморијата и вкусот.