Скоро 80% од луѓето искусуваат болка во долниот дел од грбот во еден период од својот живот. Впрочем, не за џабе во последниве неколку години, седењето стана подеднакво штетно како пушењето цигари. Долгото седење во една позиција (вообичаено на канцелариски стол, напрегнати над компјутер) доведува до болки во лумбалниот (долниот дел од грбот). Добрата вест е, што со малку волја и одлучност, не мора да значи дека болката ќе ви го уништи животот. Следете ги овие неколку правила и подобрете ја состојбата на грбот. 

Неутрална позиција

Здравиот ‘рбет има три сегменти: вратот, средината и лумбалниот дел. Да го ставите во неутрална позиција, значи секој од овие сегменти да е во својата природна кривина. Замислете го ‘рбетот како одење во бар. Секое движење кое го правите, а кое не е во неутрална позиција е како да се напивате по една чаша алкохол плус. И нема да ви биде ништо. Но, ако седите во свиткани, стуткани, искривени подолго време, тоа ви е како да сте испиле шише виски на екс. И сега имате главоболка (односно, болка во грбот). Најкорисно е да се обидувате да го одржувате грбот во неутрална позиција, особено кога кревате нешто потешко. Така товарот ќе се распространи подеднакво на сите делови од телото. 

Намалете со телевизијата

Ова конкретно се однесува кога сонот го заменуваме со телевизија. Телото се регенерира кога спиеме, а за закрепнување на болките во грбот, потребен е квалитетен сон. Наместо да скратувате неколку часа сон, за да ја догледате само уште оваа епизода, додадете уште еден час квалитетно спиење и убаво наспијте се. Серијата ќе биде тука и утре. 

Направете чистка во ладилникот

Можеби не ви изгледа како едното да има врска со другото, но она што го јадете може да влијае врз болката во грбот. Воспалението може да се случи во целото тело ако внесувате храна која потешко се обработува како бел леб, ориз, паста, пржена или масна храна. 

Теретаните не се само за гламурозни мускули

Со помош на инструктор ќе можете да ја откриете зоната во телото која ви претставува проблем. Можеби кога трчате, а имате тесни колкови и слабо јадро, лумбалниот дел компензира и презема голем дел од енергијата, со што добивате болки. Соодветните вежби во теретаната можат да ви помогнат во зајакнување на потребните мускули.