За да станете колекционер на уметнички дела не е нужно да бидете дел од богати аукции, посетител на преценети галерии и изложби или човек со ужасно длабок џеб. Според експертите, доволно е да имате изострено уметничко око, скромен буџет и паметна стратегија на купување.
Според Џејкоб Пабст, извршен директор на Artnet, ова се неколкуте точки на кои треба да внимавате:
Не секое уметничко дело е инвестиција
Како на секој, така и на уметничкиот пазар, има лоши и добри производи. Некои дело воопшто немаат висока вредност на препродавање. Кога купувате некое уметничко дело, не секогаш гледајте на него како на инвестиција. Некогаш едноставно купете нешто што ви се допаѓа.
Купете го бидејќи ви се допаѓа
Не го купувајте делото само затоа што го носи името на познат уметник. Ќе сфатите дека не секогаш купувате квалитет. На крајот од денот, вие сте тие кои треба да живеат со тоа дело во домот и најважно е да ви се доаѓа, а не кој го направил.
Истражете убаво пред купување
Колку чинат останатите дела на тој уметник? Како варирале цените на неговите дела со текот на години? Побарајте на некоја од многуте уметнички бази на податоци на интернет или распрашајте се кај уметничките дилери.
Инвестирајте време во уметничкиот свет
Одржувајте контакти со лицата кои ви ги продале уметничките дела, станете дел од некоја мејл листа на новости на локалните галерии или атељеа, одржувајте чекор со настаните, посетувајте отворања и уметнички настани и проширувајте ги своите хоризонти.