Најновата серија од паметните телефони на Apple, новиот iPhone 13, според шпекулациите би требало да биде претставен во текот на септември. Но, во пресрет на премиерата, гласините не изостануваат, напротив, тие се појавуваат на секојдневно ниво. Токму поради тоа, во прилог ви носиме неколку работи кои треба да се разграничат и кои не треба да се очекуваат од новиот iPhone.

Редизајн

Засекот на iPhone 13 веројатно ќе биде помал за прв пат откако iPhone X беше претставен во 2017 година, но тоа не значи дека Apple ќе подготви целосен редизајн за својот телефон.

Шпекулациите посочуваат дека новиот iPhone ќе изгледа исто како и iPhone 12, со исклучок на помалиот засек и изменетиот распоред на сензорот на камерата кај одредени модели. Радикалниот нов дизајн кој познатиот Apple аналитичар Минг-Чи Куо го предвиде би можел да пристигне со моделот кој е наменет за 2022 година, но за оваа година, не треба да се очекуваат некои големи промени во дизајнот.

Touch ID вграден во екранот

Луѓето го сакаат Touch ID и со оглед на пандемијата и потребата од носење маски постојано, многу полесно ќе биде ако само едноставно го допреме сензорот за да го отклучиме нашиот iPhone. За жал, корисниците нема да добијат Touch ID кој е вграден во екранот, ниту пак на страничното копче на iPhone 13, за разлика од новиот iPad Air. Според Марк Гарман од Bloomberg, Apple го тестирал Touch ID за својот следен iPhone, но на крајот не успеал да го помине пресекот на карактеристики кои ќе пристигнат кај новата генерација.

iPhone 13 без порт

Кога Apple го претстави MagSafe конекторот со iPhone 12, некои луѓе го зедоа ова како доказ дека iPhone телефон без порт ќе пристигне порано или подоцна. Според шпекулациите, ваков телефон требаше да пристигне оваа година, но тоа по се изгледа нема да се случи. Токму затоа, вомзожно е iPhone 14 да биде првиот iPhone кој ќе биде достапен без Lightning порт.

Наместо Lightning, iPhone 14 би можел да поддржува бежично полнење, како и најновата MagSafe технологија на Apple. Компанијата најверојатно ќе ја примени оваа промена со врвните и премиум модели како 14 Pro. Послабите модели ќе следуваат во текот на следните неколку години.

Поддршка за USB-C

Нема iPhone 13 без порт и нема USB-C конекција. Иако MacBook, iPad Pro и iPad Air имаат USB-C порт, Apple најверојатно ќе се држи за Lightning уште некоја година. Впрочем, многу пореално е Apple да претстави iPhone без порт, отколку да пристигне со USB-C конективност. Без разлика на тоа што Европската унија и Европската комисија планираат овој месец да го презентираат предлог законот според кој сите полначи во Европа ќе мора да бидат унифицирани, а тоа значи дека и Apple ќе биде принуден да користи USB-C, тоа нема да се случи со овој модел, туку со идните, а до тогаш компанијата би можела да го усоврши бежичното полнење.

Mac чип во iPhone 13

iPhone

Откако Apple го вгради M1 чипот во iPad Pro, некогаш ексклузивен хардвер за Mac лаптопите, многумина помислија дека би имало смисла M1 да пристигне и кај iPhone. Но, и покрај тоа, не би требало да очекуваме компанијата да го нарече iPhone 13 процесорот M1 или некаков вид на M варијанта.

Најверојатно, Apple ќе го претстави А15 Bionic чипот. Шпекулациите велат дека чипот ќе биде направен на 5nm процес случен како A14 Bionic процесорот. Промената ќе биде во тоа што Apple користи нов 5nm+ технологија за да ги засили перформансите.

Исто така, важно е да се напомене дека M сериите се базирани на А сериите, па така процесорите на MacBook се базирани на процесорите на iPhone, а не обратно.