Ве нервираат стапалата, бидејќи кога и да погледнете надолу, изгледате како Big Foot. Иако изгледаа нормално ова утро кога се разбудивте, сега се два пати поголеми. Во што лежи проблемот?
Отекувањето или едема (медицинскиот израз за отекување) претставува отекување како резултат на акумулација на течности. Може да се појави во кој било дел од телото, но најчесто се јавува кај рацете и нозете. Отекувањето кај мажите се јавува во кое било доба од животот и вообичаено не е причина за грижа. Но, убаво е да знаете што би можело да го предизвика и дали треба да се обратите на лекар.
Стапалата отекуваат кога долго време возите/летате со авион
Кога подолго време седите, вените не ја извршуваат оптимално својата функција на циркулација на крвта. Седечката позиција ја намалува контракцијата на мускулите што го забавува дотокот на крв во срцето и ги притиска вените со што се намалува протокот. За да го спречите ова, треба да станете, да се истегнете, да се раздвижите. Ако долго време летате, движете се на секој час или два. Ако возите, застанете и протегнете се. Екстрактот од бор е добар против отоци и се препорачува кај луѓе кои подолго време седат.
Не вежбате доволно
Просто и едноставно е. Не се движите доволно, со тоа немате добра циркулација и доаѓа до отекување. Погрижете се да се растегнувате, да пешачите, да извршувате некаква физичка активност еднаш во текот на денот.
Консумирате многу сол
Уживањето во оброк со повеќе сол, може да доведе до отекување на екстремитетите бидејќи солта предизвикува задржување на водата во организмот. Намалете го дневниот внес на сол и би требало да се отстрани и проблемот.
Истегнат зглоб
Можеби најболниот момент на листава причини за отекување е токму овој. Тоа што набрзина ви отече ногата откако го свиткавте стапалото, е начин на кој телото реагира во случај на повреда. Задолжителна посета на лекар, многу одмор, облоги и физикална терапија.