Како да препознаете кога болката во тестисите индицира нешто посериозно? Дури и да сте од оние среќните кои никогаш не добиле клоца таму долу, не значи дека по секоја цена сте поштедени од болка. „Болката во тестисите е честа кај секој маж и во еден момент од животот, секој ја искусува“, вели д-р Џамин Брамбат. Првата помисла која ви паѓа на памет со самото искусување на болката е рак на тестисите. „Но, во суштина, ракот е безболен и често се детектира преку грутка, а не преку болка. Тука се и сексуално преносливите инфекции, но и тие се манифестираат на поинаков начин, преку печење за време на уринирање.“

Сепак, ако не се овие двете, постојат уште многу состојби кои ги засегаат тестисите, ако почувствувате болка.

Тестикуларна торзија

Тестикуларната торзија е состојба кога семената врвка која ги поврзува тестисите со телото се извиткува. На овој начин не доаѓа доволно крв до тестисите. Состојбата е најчеста помеѓу 12 и 18 годишна возраст, но може да се случи во секое доба. 

Се карактеризира со ненадејна и неверојатна болка во скротумот. Симптомите вклучуваат и оток, абдоминална болка, гадење, повраќање, и невообичаена поставеност на тестисите. Итно посетете лекар. Можеби ќе се обиде да го врати тестисот во првобитната состојба, но можно е тоа да треба да се направи хируршки. Ако подолго време немало доволно крв до тестисот, некогаш потребно е негово отстранување.

тестисите

Камен во бубрезите, констипација, кила, проблеми со стомакот

Нервите кои водат до тестисите доаѓаат од многу места во абдоменот, вклучувајќи го стомакот, бубрезите и дигестивниот тракт. Ако имате констипација, притисокот може да се рефлектира на тестисите. Истото важи и за камен во бубрезите или кила. 

Васектомија

Искусувањето болка во тестисите по васектомија е исклучително ретка појава, но се случува. Експертите не се сигурни што ја предизвикува болката, но се претпоставува дека има некаква врска со оштетување на структурите на нервите таму долу. 

Хидрокела

Оваа состојба се карактеризира со собирање течност во внатрешноста на скротумот. Симптомите се најчесто отежнат и потечен скротум, па клучно е да побарате лекарска помош. 

Варикокела

Станува збор за зголемување на вените во тестисите, поточно во вените на скротумот. Симптомите зависат од степенот. Во третиот степен, состојбата е најалармантна бидејќи варикокелата е најголема, најзабележлива, со грутки. Во вториот степен симптомите се малку полесни, а во првиот степен може да поминат и незабележани.  

Во секој од гореспоменатите случаи, посетете лекар, пред да биде доцна.