науката

Вистината е дека не сите мажи се родени убави, згодни, неопходни и шармантни. Но, науката на сексуална привлечност е чудна работа, па дури и да не изгледате како Рајан Гослинг, не значи дека не можете да паднете во некоја љубовен заплет.

  • Насмејте ја. Според едно истражување на Evolution and Human Behaviour, жените го ценат хуморот кај мажите како една од првите три најважни карактеристики.
  • Бидете љубезни. Едно истражување од 2016 кажува дека луѓето кои се вклучувале почесто во доброволна работа или донирале крв, имале побогат љубовен живот. 
  • Мирисот привлекува. Погрижете се секогаш да мирисате убаво. Мирисите креираат сеќавања. 
  • Кучето е вашиот најдобар пријател. Буквално! Бидејќи според едно француско истражување, жените го даваат својот телефонски број три пати почесто на маж кој во паркот го шета своето куче. 
  • Паузирајте со бричење. Според едно бразилско истражување, брадата од 10 дена е попривлечна за жените кај еден маж. 
  • Смејте се. И тоа полека. Едно истражување вели дека побавната насмевка е многу привлечна кај машкиот пол. 
  • Свирете на гитара. Според Psychology of Music жените го даваат својот телефонски број на маж со гитара три пати почесто отколу на маж без гитара. Фино е да знаете и да свирите на неа, не само да ја држите, нели? 
  • Купете цвеќе. Не мора тоа да е огромен букет од 100 рози. Доволно е да е од некој маркет или на поминување покрај локалниот пазар.