Хранливи влакна не звучи привлечно, но неопходни се за целокупото здравје на организмот, особено за варење на храната и работа на дигестивниот систем.

Колкава количина на хранливи влакна е потребно да внесувате дневно? За мажите, препорачливата количина изнесува 38 гр. Проблемот е што вообичаено внесуваме половина од препорачаната количина. Еве како да го смените тоа.

хранливи влакна

Јаглехидрати не се нужно непријатели

Секако дека треба да стоите настрана од јаглехидратите, но од оние во форма на преработени шеќери. Но, во ниту еден случај не треба да ги избегнувате јаглехидратите богати со хранливи влакна на сметка на тоа да консумирате помалку јаглехидрати, затоа што тоа го налага некоја диета. Не постои причина зошто да ги избегнувате јаглехидратите богати со хранливи влакна, што значи дека можете да јадете овошје и зеленчук колку што сакате, а тоа вклучува: јаболка, круши, праски, сливи, јагоди, боровинки, малини, капини, брокула, боранија, тиква, тиквица, цвекло, морков, целер, ротквица, грашок, црвени пиперки, домати, компири, кељ. 

Ставете авокадо на тоа

Не само што е вкусно и изгледа прекрасно, авокадото е богато со хранливи влакна. Едно авокадо содржи 13 гр хранливи влакна! Започнете го денот со парчиња авокадо на лепче на тостер и добивате 9 гр. Останатиот дел од авокадото исечкајте го на парченца и измешајте го со црвен грав, ставете ја комбинацијата на тако и добивате уште 14 гр. Ете 23 неопходни грама хранливи влакна. 

Салатите во нова верзија

Салатите содржат витамини и минерали, антиоксиданси и многу малку калории. Но, ако сакате да го подобрите внесот на хранливи влакна, држете се до зелените салати. 

хранливи влакна

Внесете ги јатките во исхраната

Две шаки бадеми имаат голема количина хранливи влакна, плус здрави масти и протеини. Држете се до бадеми, фстаци, лешници, ореви – освен што се вкусни, се и неверојатно богати со хранливи влакна.