Никој не може да ве научи како да ја растете својата брада. Таа едноставно расте, онака како што е генетски предодредено. И за многумина, не постои лекција за тоа како да се грижите за брадата. Секако, таткото е тука да ви покаже потег или два, но бидејќи брадите се актуелни последниве 10 до 15 години, веројатноста дека вашиот ментор носел брада е многу мала.
Ако сте љубител на брадите и ви се допаѓа како ви стои, знаете дека треба редовно да ја потстрижувате, да ја одржувате нејзината хигиена и да се грижите да изгледа средено. Сепак, постојат неколку митови за негата на брадата:
Од одреден вид храна и витамини, брадата ќе расте побрзо: Ова е мит, бидејќи брадата не расте побргу од ниту еден вид храна или суплементи. Сепак, потребни се аминокиселини или протеини во исхраната за брадата да расте побргу. На пример, момците кои се анемични, често забележуваат дека влакното на брадата им станува потенки.
Колку почесто ја бричите, толку е погуста: Бричењето не влијае на тоа со која брзина расте брадата. Ова размислување се случува од една причина. Колку почесто се бричите, толку почесто го имате она чувство кога острата кратка брада почнува да расте.
Седата брада е крута: Ако нешто е вистина, тоа е дека фоликулите на влакната стануваат сè помали како што старееме. Седата брада не е ништо поинаква од обичната, барем што се однесува до структурата. Ако седата брада изгледа круто, веројатно не е негувана добро или има многу испукани врвови.