За разлика од сапуните и геловите за дезинфекција на рацете, целата „фама“ околу носењето на заштитна маска за лице за да се заштитиме себе и оние околу нас е полн со спротивставени мислења. Сега, некое време од иницијалниот предлог како мерка за претпазливост, ставот околу маските е далеку почист. Додека хируршките маски, секако, треба да бидат резервирани за оние кои се во првите борбени редови, според последните насоки од владите во Европа, па така и кај нас, диктираат дека треба да се носат заштитни маски во затворени јавни простори. Со зголемувањето на бројот на брендови кои лансираат свои верзии на заштитни маски за лица, сето ова станува и моден тренд и далеку попривлечно за луѓето.

Во прилог, покрај неколкуте предлози за маски, следуваат и неколку работи кои треба да ги знаете пред да изберете некоја маска. Главната работа која треба да ја земете предвид со вашата маска е колку добро „ви лежи“ на лицето и вашето дишење не е отежнато. Со оглед на тоа дека ова е додаток со кој го чувате сопственото здравје и хигиена, исто така треба да бидете сигурни дека ќе може да издржи и перење во машина без да се оштети.

Со оглед на тоа дека марките за карантин и самоизолација олабавуваат и на хоризонтот се забележува некоја нормализација, заштитните маски треба да се носат доколку се најдете во затворена просторија со повеќе луѓе, пред се маркетите, аптеките и слично. Иако не може да ве заштити целосно од коронавирусот, сепак ќе помогне во спречувањето вие да го проширите истиот.

Важноста за носење на маска во најголем дел е работа на здрав разум. Оние кои се борат во првите борбени редови со вирусот треба да носат нешто што има декларација и одобрување, за разлика од ткаенините и материјалите кои се во прилог подолу. Во прилог се неколку решенија за маски од страна на брендови кои нудат различни стилови и бои како заштита, но и моден додаток во овие времиња на пандемија.

1. Paisie

маски

Paisie продава нехируршки маски за прилично поволни цени поради што побарувачката за нив е огромна. Тие пристигнуваат и со подесувачки ластици и простор кај носот, а поради двојниот слој можете да ставите и филтер. Маските чинат само шест фунти.

2. Casetify

За секоја маска продадена од Casetify, тие донираат една за секој здравствен работник. Направена од материјал кој не го отежнува дишењето, ја задржува својата форма по перење во машина, а исто така има и филтер кој дополнително помага во спречувањето на ширењето на болестите. Цената на оваа маска изнесува 12 фунти.

3. Vogar

маски

Корисна маска со минималистички и удобен дизајн, кој лесно се инкорпорира во секој „аутфит“, нешто што ретко кој мислеше дека ќе мора да го примени на почетокот од оваа година, а цената изнесува 10.50 фунти.

4. Everlane

маски

Маски кои се производ на американскиот бренд кој е познат по своите бели маички, а настанати се во соработка со фабриката каде што ги произведуваат истите. За секои три продадени маски, Everlane донира една маска во Feeding America. Цената изнесува 23 фунти за три маски.

5. Just Hype

За помек и далеку покомотен дизајн, оваа маска е направена на истиот начин како и кај некои атлетски патики за трчање – мешавина на полиестер, еластомерен и диолен хигиенски поли-памук. „Легнува“ одлично на вашиот нос и брадата, а цената е 11.99 фунти.

6. Off-Whiteмаски

Off-White произведуваше маски многу пред да се појави глобалната пандемија. Со брендирано лого, ова е најдобриот начин да се „покажете“ додека се „заштитувате“, а цената е вистинска „ситница“. Само 65 фунти.

7. Leisuretime Gifts

Овие маски направени од свила имаат луксузен допир. Направени од „олд-скул“ бандани, стилот навистина е кул, а материјалот навистина не го чувствувате на себе. Цената на овие маски е 9,50 фунти.

8. Rowing Blazers

маски

Брендот од Њујорк е најпознат по своите рагби маици, а сега произведува заштитни маски направени од остатоците. За секоја продадена маска, една се донира во банката за храна во Њујорк. Цената е 25 фунти.

9. Rag & Bone

Направена од рециклирани Rag & Bone материјали и делува навистина модерно и кул.

10. Takashi Murakami

маски

Одликувајќи се со иконскиот мотив на јапонската современа уметност, ова е маска која делува како разиграно уметничко дело. Цената е дури 152 фунти.

11. Marta Scarampi

Оваа маска е направена од истиот водоотпорен материјал од кој Marta Scarampi ги изработува комбинезоните. Се продаваат во пакет по две маски, а треба да се перат рачно за да се задржи формата. Цената е 21 фунти.

12. Profound

маски

Принтот е инспириран од старите персиски ќилими. Направена со два слоја од материјал од памук со полиестер во внатрешноста. На маската е испишано „И ова ќе помине“ на арапски. Цената изнесува 25 фунти.