Дали некогаш сте се запрашале зошто повеќето традиционално скроени палта се направени со надворешен горен лев џеб?

Доколку се облекувате носени од идејата да оставите впечаток, тогаш првата лекција што треба да ја научите е дека секој мал детаљ е важен. Ако поводот или настанот на кој присуствувате укажува дека треба да носите палто, постојат неколку мали додатоци што можат да го комплетираат аутфитот како што на пример е џебното марамче.

Џебните марамчиња можат да бидат и формални или лежерни онолку колку што ви требаат, што значи дека тие се соодветни и ќе изгледаат одлично за какво било социјално дружење.

Но, пред да се обидете и да поставите некое марамче во вашиот џеб, има неколку работи кои би требало да се знаат. На крајот на краиштата, секој може да облече костум, но само посебен маж знае да додаде џебно шамиче кое ќе го заврти погледот и ќе го привлече вниманието.

Историјат

Историјата на шамичињата и џебните марамчиња датира од времето на Антички Египет. Носени единствено меѓу елитата, материјалот бил изработен од свила, а египќаните ја менувале бојата на марамчето со боење и природен материјал за белење.

Како што започнала експанзијата кон Европа, марамчињата се пробиваат низ Грција, Рим, Англија, Франција и други земји. И додека моделите, стиловите и причините за нивно носење се различни, фактот дека тие симболизираат богатство и големина останува ист.

Зачудувачки е што по сите овие години, носењето џебните марамчиња и понатаму се репрезент за некои исти општествени норми за различните социјални класи. На крајот на краиштата, кога последен пат сте виделе работник да носи џебно шамиче на работа? Сепак, како што експанзијата кон Америка стана тренд за луѓето ширум светот во текот на 1900-тите, трендот на џебното марамче полека се пробиваше кон САД.

За време на 1960-тите и подемот на корпорациите и големите деловни активности во Америка, џебните марамчиња одат рака под рака со корпоративните костуми и италијански мокасини. Доколку сте извршен директор за маркетинг на високо ниво, извршен директор на компанија или едноставно некој што треба да облече костум за почетна позиција, џебните шамивчиња се репрезент дека сте подготвени за работа и подготвени да бидете сфатени сериозно.

Во последно време на хипстери и мажи кои бараат уникатна мода, џебните марамчиња се среќаваат многу почесто… секојдневно. Дури и не е невообичаено да видите некој како носи џебно марамче и блејзер, со пар шорцеви како некој кој сака да изрази став. За волја на вистината, не секогаш се работи за тоа со што го носиш џебното марамче, туку за тоа како го носиш. И, има подобар начин тоа да се износи, отколку со целосна самодоверба и гордост за тоа како се облекувате.

Како да се носи џебното шамиче

Самодовербата може да биде еден од најголемите фактори за носење џебното марамче, но тоа не е единственото што треба да се земе предвид. Имајте на ум дека тоа сè уште претставува мода, класа и стил и треба да се носи со најголема почит. (Добро, можеби не е толку сериозно, но џебното мармче заслужува да остане меѓу она што симболизира креативност и уникатност во модата). Имајќи го тоа на ум, важно е да се земе како важен фактор со тоа што носите и како може да ја надополни целата Ваша облека.

Веќе спомнавме дека џебните шамичиња може да се носат со скоро секое палто или блејзер. Исто како и мажите кои носат блејзери само за полу-лежерни и свечени настани, џебните марамчиња можат да изгледаат одлично кога се прилагодени на овие видови на собири. Можете да изберете боја и стил што е совршен за одредена поставка и со тоа да бидете соодветно облечени. Дури и за вечерни излегувања , можете да го спарите овој додаток или шамиче со блејзер и фармерки.

Што се однесува до боите и дезените како избор за Вашето џебно марамче, погрижете се да го одржувате на истиот начин како и остатокот од вашата облека. Најчесто, марамчето треба да биде во иста боја или прилично близу до бојата на Вашата кошула. Ако носите вратоврска, можете исто така да ги координирате секундарните бои или дезени помеѓу вратоврската и џебното марамче.

Сепак, имајте во предвид дека никогаш не треба да спарувате сè со истата боја. Запомнете дека функцијата на џебните марамчиња е да додадете забавна и интересна привлечност кон вашата облека. На пример смелата комбинација на жолта и сина е сосема во ред.

За шарите, проценете дали носите форми како квадрати или кругови или хоризонтални или вертикални линии. Во повеќето случаи, хоризонталните и вертикалните линии не функционираат добро заедно. Но, ако имате џебно марамче со кругови, квадрати, триаголници или која било друга геометриска форма, тоа би требало да изгледа одлично со кошула со шари или риги.

Стилот со кој го носите џебното марамче зависи од Вас, но треба да ги земете предвид формата и делот на марамчето. Спарете го заедно со остатокот од Вашата облека за да изгледа чисто и уредно, а не само нешто што сте го нафрлиле заедно.

Како да преклопите џебно марамче

Пафкастото преклопување е веројатно најлесниот начин да се носи џебното марамче. Тоа не “вреска“ од машкост, со оглед на тоа што дури и секое дете може да фрли марамче во џеб и да го извлече доволно само за да покаже стил. Сепак,тоа е сеуште забавно и може да и додаде голема доза на стил на Вашата облека.

За да го постигнете ефектот, подигнете го вашето марамче и повлечете го до некоја точка. Откако ќе го сторите тоа, преклопете го зашилениот крај кон набиената површина и потоа вметнете го во вашиот џеб.

Квадратното превиткување изискува малку повеќе време, но не премногу. Она што е добро во врска со квадратното превиткување е тоа што едвај се покажува надвор од џебот и остава малку мистерија за тоа што се случувате во горниот џеб на вашето палто. Кога носите квадратно преклопување, не повеќе од половината треба да се покажува надвор од Вашиот џеб или во спротивно ќе налегне и ќе изгледа прилично неуредно.

Прецизното преклопување е еден од најчестите начини да се носи џебно марамче. Веројатно затоа што е лесно да се направи, но сепак изгледа одлично кога ќе се заврши како што треба. Со цел да го постигнете преклопувањето на точката, преклопете го Вашето марамче во четвртини.

Откако ќе го поставите квадратот во форма на дијамант, преклопете го дното нагоре три четвртини од површината за да додадете стабилност на дизајнот. Откако ќе го направите ова, вметнете само доволно од квадратот во џебот за да ја одржите стабилноста и да остане видливо.

Повеќекратното преклопување не е за почетници. Ниту, пак, треба да се носи во која било пригода. Повеќекратното преклопување треба да се земе предвид за најдобрите прилики и барања на гардеробата. Ова преклопување ќе резултира со повеќе модели во вашето марамче и ќе ги остави сите околу Вас да ве прашуваат како сте направиле да изгледа толку одлично.

Тајната за формирање на повеќекратното преклопување е да го преклопите квадратот на половина по дијагоналните точки. Потоа ќе ги повлечете двата краја еден над друг за да направите четири точки. Запомнете дека ќе стабилизирате со преклопот, за да се уверите дека вашиот преклоп во повеќе точки не се претвора во пуфка додека го носите.