Пристигна и овогодинешниот Април, што значи како и секоја година заедно со пролетта расцутуваат и креативците од целиот свет и сите бранши, и го носат епицентарот на светот на дизајнот во фантастичното Милано.

Во 7 дневно изнесување и изложување на најсвежите идеи и апликативни решенија, на она што веќе одамна значи светски главен град на дизајнот ќе гостуваат повеќе од 450 илјади посетители на повеќе од 1400 настани.

Милано изминатата седмица дишеше во аурата на уметноста, мајсторството, иновацијата и технологијата преку разновидните инсталации, проекти, презентации и лица.

Празните магацини, накитените палати, добро познатите локали но и новооткриените простори за презентација ги отворија своите врати за световите на мода, архитектура, арт и дизајн.