Иако нашето сексуално образование е субпарцијално, и има влијание од пуританизмот, исто така и нашата желба да разговараме на таа тема и нашиот однос спрема сексот е сиромашен. Користењето на било какви помагала, играчки или лубриканти воопшто не ни ни паѓаат на памет, бидејќи постои репресивен став кон сите необични работи поврзани со сексот.

Многу често жените избегнуваат да ги замолат своите партнери да користат секс играчки во кревет затоа што се срамат од тоа или не сакаат да наидат на премногу откачен секс, додека мажите повеќе би се согласиле на „one night stand” отколку да побараат начин како со својот партнер да го зачинат нивниот интимен чин.

сексуален живот

Зачинувањето на овој интимен чин, само поттикнува поотворен и позабавен секс со вашите партнери и секако повеќе зближува. Секако разговорот со партнерот за вклучување нови елементи во вашиот сексуален живот не треба да биде направен еднаш, вашите желби и интереси ќе се променат со текот на времето, но обично првиот разговор е најтежок бидејќи секогаш ќе наидете на „Нормален/на си!”.

Всушност постои можност вашиот партнер веќе да поседува некоја играчка. Истражување од 2009 година потврдило дека дури 52,5 проценти од испитаните жени поседувале вибратор. Можете да замислите колкава е таа бројка денес? Битно е да го изберете вистинското време за да започнете ваков разговор.

На пример најдобро е тоа да го правите кога сте сами и релаксирани, бидејќи никој не сака да го слушне незадоволството на партнерот пред некој друг или кога се подготвува за излегување. Заедно бирајте ги играчките, бидејќи не сакате да изгледа дека сте фокусиран на тоа што недостасува во вашиот секс, туку дека сакате и двајцата да се чувствувате убаво.

Вистинскиот момент… секако не можете да ја прашате личноста со која сте поминале само една ноќ заедно на ваков чекор…ова е за партнери. Проверете и внимавајте да не го правите ова како да сте под притисок, ваквото патување треба да биде нешто што двајцата го започнувате со заедничка волја и возбуда.

Никогаш не купувајте играчка која планирате да ја користите заедно со партнерот, ваквите работи се купуваат заедно ако планирате да ја користите заедно… единствениот исклучок овде е ако играчката ја користите исклучиво за вас. Истражување од институтот Готман покажало дека само 9% од паровите кои не зборуваат за секс имаат задоволувачки сексуален живот.