Јапонците се надминуваат себеси во секоја област. Направија концепт за суперавтомобил, изработен целосно од нано целулозни влакна.
Проектот е наречен Nano Cellulose Vehicle (NCV) Project и дебитираше на Саемот за автомобили во Токио. Станува збор за истражување кое користи нанофибер целулозни материјали во автомобилската индустија.
Возилото е склоп на умови од 22 јапонски универзитети, истражувачки центри и добавувачи основани од страна на Министерството за животна средина во Јапонија во 2016 година.
Нанофибер целулозата е изведена од растенија и рециклиран земјоделски отпад и се користи за изработка на целото возило. Материјалот е 5 пати полесен и 5 пати поцврст од челикот, а автомобилот произведен со оваа технологија е 50% полесен од останатите концепт возила.
NCV изгледа неверојатно урбано и футуристички, со остри линии и врати кои се отвораат во форма на пеперутка,тркала со повеќе краци, а кај задниот дел доминира големиот дифузер и светлата. Надворешниот дизајн го потпишува Јузо Ними од Toyota Customizing & Development.
Бидејќи концептот е само за технички приказ, деталите за неговата моќност се ограничени, но се смета дека има водородна горивна ќелија и максимална брзина опфатена со брзина од само 20 km/h.