На претстојната сезона NBA играчите ќе мора да носат Oura прстен во кој е вклопена технологија која може да открие COVID-19 три дена однапред. Организаторите одлучија дека сите играчи мора да го носат паметниот прстен Oura во текот на претстојната сезона што е предвидено да продолжи во наредните месеци, во Disney World.

Oura прстенот може да ја прочита температурата на телото преку три сензори. Прстенот исто така е опремен и со акцелерометар и жироскоп. Досегашните истражувања покажуваат дека прстенот е во состојба да предвиди случаи на коронавирус до три дена однапред со импресивна точност од 90 проценти. Овие прстени се задолжителни за играчите поради тоа што нивното носење во голема мера ја зголемува безбедноста на играчите и персоналот.