За одбележување на 75 годишнината од постоењето NBA настапи со ново лого, посветено на сезоната 2021-2022. Дизајнот се базира на класичниот симбол но во форма на дијамант со додаток на бројот 75. Во соопштението стои дека логото ќе се појавува во текот на сезоната 2021-2022 насекаде, почнувајќи од терените па се до содржината на дигиталните и социјални медиуми. Лигата започна во 1946 година, а првиот натпревар во NBA лигата се случи на 1-ви ноември, со натпревар помеѓу New York Knicks и Toronto Huskies со победа на New York Knicks и резултат 68-66. Тогаш лигата настапувала под името Basketball Association of America, а како прв шампион е Philadelphia Warriors, сега познати како Golden State Warriors.
View this post on Instagram