Статистиката покажува дека околу 85% од мажите стануваат подложни на губење на косата во одреден период од нивниот живот…
Додека некои луѓе успеваат да го вградат овој изглед во својот животен стил и да го носат без поголеми проблеми, многумина бараат помош и решенија за овој проблем, па научниците продолжуваат да бараат лек. За овие луѓе решението можеби е многу блиску, бидејќи во најновото истражување на Универзитетот во Калифорнија е издвоена хемикалија која е клучната причина за поделба и смрт на клетките на фоликулите на косата.
Научниците се надеваат дека процесот на опаѓање на косата би можел да биде обратен и дека раните исто така би можеле да се залечат. Како што изјави математичкиот биолог на Универзитетот во Калифорнија и коавторот на студијата Шишен Ванг: „Во научната фантастика, кога ликовите закрепнуваат од повредите, главната идеја за нивната забрзана рехабилитација се заснова на матични клетки. Во реалниот живот, новото истражување е се поблиску до рекапитулирање на однесувањето на овие клетки, така што сега можеме да го контролираме и активираме лекувањето“.
Студијата, која е детално опишана во напис во Biophysical Journal, нагласува како тимот избрал да се фокусира на фоликулот на косата, бидејќи тоа е единствениот орган кај луѓето што се регенерира автоматски и редовно, дури и кога не е оштетен.
Она што научниците го открија е дека еден вид протеин наречен TGF-бета контролира како клетките на фоликулите – вклучувајќи ги и матичните клетки – се делат, формираат нови или умираат. Како што додаде Ванг, „TGF-beta има две спротивставени улоги. Овој протеин помага за активирање на фоликулите и создавање нов живот, додека малку подоцна помага да се иницира апоптоза, односно процес на клеточна смрт“.