Времето поминато со семејството е непроценливо. Но можеме да одвоиме малку време да научиме нови вештини и да бидеме продуктивни. Netflix и останатите можете да ги резервирате за доцните вечерни часови, не заборавајте да вежбате, и откако ќе ги завршите обврските кои ги имате одвојте некој час за лична надоградба и учење на нешто ново. Образовните платформи се места каде можете да научите многу, од храна до мода и тоа од од најпознатите светски имиња. Еве неколку такви онлајн курсеви.

нови вештини1. Ени Лејбовиц- фотографија: Одговорна за некои од најдобрите фотографии на сите времиња, таа ќе ве научи на се што треба да знаете за фотографирање, од работа со вашиот предмет до совладување на вашиот фотоапарат.

2. Гордон Ремзи- готвење: Овие часови ве водат низ основните вештини во кујната, совладување на техниките кои ќе ви помогнат да научите како да „творите” со храната. Готвењето на класични јадења, почнувајќи од кајгана…

нови вештини

3. Deadmau5- продукција на електронска музика: Канадскиот DJ Joel Zimmerman, познат како Deadmau5, ве води на курс од 23 чекори со цел да ја научи практичната и теоретската страна на неговиот занает.

4. Спајк Ли- филмска продукција: Реномираниот режисер, актер, професор… минува низ целиот процес на правење филм, од раскажување на приказната, техничкиот процес, кастинг…се што треба да знаете за неговиот занает.

5. Гари Каспаров- Шах: Бидејќи друштвените игри се се пополурани, овој класик не смее да се изостави. Шаховскиот велемајстор ве учи на усовршување на вашата игра и клучните тактики за совладување на вашиот противник.