Овој викенд потрошувачите на Timberland Македонија имаа можност, заедно со својот омилен бренд, да учествувааат во глобалната кампања Nature Needs Heroes. Забавата започна во саботата, во 12 часот и траеше во текот на целиот викенд. Преку различни активности, попусти и изненадувања во двете продажни места на брендот, потрошувачите, заедно со брендот докажаа дека на природата ѝ се потребни херои, а тоа сме сите ние!

 

Како дел од настанот Nature Needs Heroes во продавницата во Skopje City Mall, купувачите покрај можноста да уживаат во топол чај, печени костени, поволности при купувањето и персонализирани маички/дуксери, имаа можност и да ги остават своите стари тимберлендки во кутиите за рециклирање и да добијат попуст од 25% за купување на нов пар #ЖолтиЧизми