Кошаркарката на Washington Mystics Наташа Клауд стана првата дама од играта под обрачите која потпишала спонзорски договор со Converse. Позната по своите говори против расната нееднаквост и застапувањето за правата на жените и LGBT заедницата, Клауд стана едно од најпознатите лица кога станува збор за социјалната правда во професионалниот спорт.

Converse, привлечен од нејзината „немилосрдна креативност на и надвор од теренот“ има за цел да го засили нејзиниот глас и работите во кои таа верува. По успешната кошаркарска кариера на Saint Joseph, Клауд им помогна на Mystics да ја освојат првата WNBA титула во историјата изминатото лето. Таа верува дека нејзиниот договор со Converse е чекор напред кон половата еднаквост на пазарот.

„Многу пати, спортистите се плашат да ја користат таа платформа поради страв од последици и да не најдат спонзори и не секогаш сакаат да ја преземат таа улога на пример. Но, во исто време ние не правиме добро со тоа што ги избегнуваме тие работи“, изјави Клауд.

Среде протестите за убиството на Џорџ Флојд, кошаркарката на Mystics не се двоумеше да ги изрази своите мислења. „Ако молчите, вие сте дел од проблемот, а ако сте неутрални ја избирате страната на угнетувачот. Ако молчите во овој момент, тогаш ми кажувате дека не ве интересира мојот живот како црна жена, како црна Американка во оваа земја“, изјави таа околу нејзините говори за социјалната неправда. Таа неодамна напиша и есеј за Player’s Tribune повикувајќи ги своите колеги да не молчат на оваа тема.

Клауд

Converse е дивизија на Nike од 2003 година, а меѓу најпознатите ликови кои ги застапува овој бренд покрај Клауд се и крилото на Phoenix Suns Кели Оубр и играчот на Golden State Warriors Дрејмонд Грин.