NASA и Anicorn ја создадоа заедничката колекција Anicorn x NASA – Mars Mission составена од часовник, како и други модни и спортски додатоци. Ограничената серија е почит на напорите направени за истражување на Марс. Следејќи ја историјата за мапирање и истражување на црвената планета, NASA на вчера го лансираше Rover со мисија да ги испита знаците на живот, да ја карактеризира климата, да собира податоци и примероци.

За оваа пригода Anicorn го лансираше часовникот Mars Mission со Miyota 9015 механизам, во ограничено издание од 200 парчиња. Заедно со овој часовник во колекцијата има и маици, топки, нараквици и други додатоци меѓу кои најмногу внимание привлекува сложувалката која според Anicorn „прва и единствена AR сложувалка што можете да ја допрете, комуницирате и споделите на социјалните медиуми.”