Здравиот начин на исхрана ни помага на многу начини. Но кај заболените со дијабетес овој начин на исхрана е уште побитен. Размислувањето за тоа која храна треба да ја ограничите, како колачи или слатки, може да направи да се чувствувате лишени од „слаткото задоволство“. Но тоа не е вистина. Можат да се направат доста вкусни закуски со здрави намирници. Сепак целта е контролирање на шеќерот во крвта. Еве листа на неколку намирници кои заболените со дијабетес треба да ги имаат.

Цели зрна

Интегрален ориз, киноа, овес или јачмен. Иако се богати со јаглехидрати, интегралните житарки се исто така богати со растителни влакна, што го прави варењето поспоро во споредба со рафинираните јаглехидрати. Па така тие ќе имаат помало влијание врз шеќерот во крвта. Но сепак треба да внимавате на количината: една порција има 15 грама јаглехидрати.

Јајца

Јајцата се моќни бидејќи се полни со протеини кои можат да го поддржат слабеењето со стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Ова е важно бидејќи губењето на килограми може да помогне во подобрувањето на нивото на гликозата во крвта.

Благ компир

Благ компир е уште еден извор на јаглени хидрати прилагоден на дијабетес. Еден ваков компир со средна големина има 4 грама влакна и скоро третина од дневните потреби на витамин Ц. Тие се и извор на витамин А, што според некои истражувања помагаат во подобрување на функцијата на клетките кои произведуваат инсулин.

Зеленчукот со зелени лисја

Спанаќ, кељ, блитва, е храна одлична за тие што имаат дијабетес. Зеленчукот со зелени лисја може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 поради нивната висока концентрација на полифеноли и витамин Ц. Тие се исто така богати со магнезиум, минерал за кој се вели дека помага во борбата против инсулинската резистенција.

Авокадо

Ова кремасто зелено овошје е вкусен извор на масти здрави за срцето. Авокадото е исто така богато со растителни влакна.

Мешунки

Црн грав, наут, леќа, имајте ги секогаш при рака како опции за брзо готвење. Влакната и протеините во мешунките помагаат во одржување на нивото на шеќерот во крвта. Возрасни лица со дијабетес тип 2 кои јаделе чаша леќа или грав дневно, забележале пад на нивото на А1С.

Бобинки

Малите плодови се вкусен начин да се задоволи потребата од нешто благо. Придобивка плус е што тие се преполни со растителни влакна кои го стабилизираат шеќер во крвта и антиоксиданси кои можат да помогнат при срцеви заболувања. Уживајте во нив додека им е сезоната, но исто така и замрзнете си за да можете да ги конзумирате во текот на годината.

Цимет

Посипете во овесна каша, јогурт или кафе додава нијанса на природна сладост без потреба од шеќер, но тоа не е сè што може да направи циметот. Докажано е дека ги подобрува нивото на гликоза во крвта со забавување на апсорпцијата на јаглехидрати. Плус и не ви е потребен во големи количини. Доволно е половина лажиче дневно за да ги осетите придобивките на овој зачин.