Naked Cashmere, специјализираниот бренд за кашмир, ја претстави својата кампања за машката колекција за сезоната Есен 2020. Топлината на луксузниот, традиционален и добро познат кашмир добро би дошол во овие есенски денови. За сезоната брендот носи плетени парчиња, кошули, тренерки во секојдневни бои како теѓет, црна и боја на јаглен. Целата кампања на Naked Cashmere е сликана во природата на Driftwood Farms во Њујорк под водство на фотографот Дејвид Липман. Оваа паметна визија за мешање на удобноста и стилот е совршено претставена во кампањата.