Филмовите имаат огромна моќ да остават голем впечаток врз публиката. Највпечатливи тоалети кај жените, најжешки филмски секс сцени, најдобри одела, автомобили, девојки на Џејмс Бонд. Една таква категорија се и највпечатливите рачни часовници во филмската историја. Ликовите кои ги носат, подеднакво вредни за паметење.

часовници
Aliens – Перформансот на Сигурни Вивер во улогата на Елен Рипли во Aliens е подеднакво впечатлив како и нејзиниот рачен часовник, а станува збор за Seiko Giugiaro 7A28-7000.
часовници
Apocalypse Now – Иако Марлон Брандо по овој филм на Копола го следи репутација на проблематичен актер, филмот, улогата, а и Rolex GMT Master 1675 часовникот, влегоа меѓу легендите.
Daylight – Легендата вели дека Силвестер Сталоне ги забележал часовниците на Panerai Luminor на едно патување во Италија. Оттогаш, ги носел во многу свои филмови, вклучувајќи го и Daylight. Panerai Luminor имаат и специјален часовник изработено за него, кој го носи името Slytech.
Glengarry Glen Ross – Безвременскиот Rolex Daydate е часовникот со своја реплика во филмот со Алек Болдвин.
James Bond – Во Skyfall, Даниел Крег е потполно навлезен во улогата на Бонд, само со својот Omega Seamaster
Jaws – Љубителите на часовници изгубиле години обидувајќи се да го идентификуваат мистериозниот часовник кој го носи ликот на Ричард Дрејфус. На крајот, дефиниран е како Alsta Nautascaph.
часовници
John Wick – Киану Ривс по трет пат во улогата на Џон Вик го избира Manero AutoDate на Carl F. Bucherer.
часовници
Le Mans – Во трилерот од 1971 каде Стив Меквин толкува тркач чиј спонзор е Heuer, легендата на кул изгледот носи Tag Heuer Monaco 1133 часовник, како дел од својата униформа.
часовници
Men in Black – Изданието од 2019 со Крис Хемсворт и Теса Томсон во главните улога го краси футуристичкиот и истовремено ретро дизајнот на Hamilton Ventura.
Predator – Пред да легне на раката на Арнолд Шварценегер, Seiko дигиталниот рачен часовник го носел името model H558-5009. Сега, е Seiko Arnie.