Честопати уметноста ги проширува своите граници надвор од класичното платно. Тоа го прави со скулптурите, со замоците на плажите. Еден таков вид уметност се и уличните мурали. Огромното празно сивило на зградите претставува платно за урбан уметник или група уметници кои наместо да се плашат од големината, решаваат да ѝ пркосат. Авторот Ед Бартлет е ентузијаст кој ги лови овие убавини ширум светот. А ова е дел од неговата колекција улични мурали кои со своето шарено и порака го одземаат здивот.