Постои некаква мистична привлечност во шахот како игра. Можеби се крие во долгиот молк пред фантастичен потег, како затишје пред бура. Можеби во строгите правила кои и покрај вековите постоење, успеале цврсто да го задржат своето место. А можеби убавината се крие во 32-те фигури, стоички подредени на двобојната табла.

Современите, но и античките верзии на шаховските сетови се сместени низ разни музеи и институции ширум светот, а истите претставуваат инспирација за многу архитекти, уметници, шаховски ентузијасти. Во продолжение, погледнете ги најубавите сетови подговени за шах-мат со стил.

шахУметник: Michael Aram

Дизајн: Детално изработени парчиња со средовековни и флорални мотиви поставени на табла од мермер.
Цена: 1.800 долари

Шах

Уметник: Hermes

Дизајн: Го носи името Samarcande, a се состои од изрезбани парчиња од палисандер и махагони со апстрактен шарм.
Цена: 6.400 долари

шах

Уметник: Daniel Liebeskind

Дизајн: Специјална креација за Atelier Swarovski. Архитектот Daniel Liebeskind преку кристали, мермер, алуминиум и бетон ја отсликува архитектурата на Њујорк и Милано.
Цена: 18.000 долари

шах

Уметник: Sophie Matisse

Дизајн: Дизајнерката е внука на уметникот Henry Matisse, а инспирацијата за овој шаховски сет во партнерство со Purling London е пронајдена во Алиса во земјата на чудата.
Цена: 18.000 долари

шах

Уметник: Man Rey

Дизајн: Припадникот на надреализмот ја создал својата шаховска табла во 1920-те години од минатиот век, инспириран од предмети во своето ателје. Реплика на овој дрвен сет е достапна во музејот Гугенхајм.
Цена: 775 долари

шах

Уметник: Непознат

Дизајн: Пронајдени на брегот на Шкотска во 1830, човечињата од Lewis Chessmen се дел од колекција за која се верува дека е создадена помеѓу 1150 и 1200 година. Сместена е во Британскиот музеј, а реплики се достапни во продавницата на истиот.
Цена: 241 долар.

шах

Уметник: Josef Hartwig

Дизајн: Геометриските форми во кои е обликувано дрвото јасно го претставуваат баухаус движењето кое го предавал Josef Hartwig. Денес, шаховскиот сет ќе го најдете со потпис на швајцарскиот производител на играчки Naef.
Цена: 625 долари.

шах

Уметник: Marcel Wanders

Дизајн: Baccarat во соработка со Marcel Wanders оваа есен го лансираат класичнит сет дизајниран од холандскиот дизајнер, изработен од мермер и кристал.
Цена: 18.000 долари.

шах

Уметник:Chris Prosser и Ian Flood

Дизајн:Збир на некои од најпознатите градби во светот
Цена: 155 долари за акрилни парчиња, 3.635 за бронзено издание.