Многумина располагаат со луксузни станови, прекрасни вили или имоти кои се наоѓаат во близина на луксузни одморалишта, но привилегија е на малкумина да си дозволат приватен остров. Без разлика дали станува збор за парче земја во близина на Белизе или Тајланд приватните острови доаѓаат во многу различни големини, форми и цени.

Многу славни личности имаат свои приватни острови кои се нивни прибежишта од животот кој го имаат. Факт е дека купувањето на остров и создавање на имот на истиот е сериозна и значајна инвестиција и на време и на пари. Но чисто колку да ја разбудиме нашата фантазија…

приватни острови

1. Victor Island Escape, Австралија- Со прекрасна локација овој имот од осум хектари има една вила со четири спални соби и две бањи, како и резиденција за помошниците и помошни простории. Овој остров е скоро целосно самоодржлив и користи соларна енергија со дополнителен генератор и механизам за собирање вода.

приватни острови

2. Lataru Island, Вануату- Наменет за авантуристи, сместен крај брегот на Еспириту Санто во регионот на Океанија, овој остров е главно неистражен. Градибите на островот се изградени во последните три години и вклучуваат главна вила која се состои од четири одделни резиденции поврзани со патеки, посебна куќа за гости, објект за помошниците.

3. Gibraleon Island, Панама- Осум бели бесочни плажи, 227 хектари земја, место сместено во срцето на архипелаг. На овој остров се снимала седмата сезона на емисијата Survivor, како и две сезони на емисијата The Island with Bear Grylls.

4. Katafanga Island, Фиџи- Место со многу добро позната репутација и целосна инфраструктура, со дваесет вили во изградба, заедно со пистата на авионите, резервоарот за вода и патеката што го обиколува островот.

5. Pumpkin Key, Флорида- Иако се наоѓа на само неколку минути одалеченост со брод од престижниот Ocean Reef Клуб, овој остров нуди пријатна отуѓеност. Главната палата има три спални соби, тука се и двете куќи за помошниот персонал, станот за човекот кој управува со доковите, тениски терени, хелиодром и пристаниште која може да смести мегајахта.