Секако кога станува збор за кралските автомобили, секогаш се бира најубавото. Од Rolls-Royce до Bentley, и тоа не само поради тоа што самите модели претставуваат туку поради тоа што ова се навистина ексклузивни модели, прилагодени за задоволување на удобноста и безбедноста на некои од најмоќните светски монарси. Погледнете ги овие прекрасни креации.

Јапонија

Јапонскиот император Нарухито патува со Toyota Century Royal, кој е службен автомобил на императорот. Специјална кабриолет верзија на автомобилот беше направена за парадата на крунисувањето во 2019 година, која има малку повисоко задно седиште, за да им се овозможи на кралските патници да можат да ги гледаат луѓето јасно.

Велика Британија

Принцот Чарлс доаѓа со своја колекција на автомобили. Најзабележителе автомобил е неговиот син Aston Martin DB6 Volante. Овој автомобил е уникатен поради тоа што е модифициран да работи на биогориво направено од вишок вино и сирење. Оригиналниот модел бил подарок од кралицата за неговиот 21 роденден. Очигледно принцот е лубител на Aston Martin, бидејќи тој има и Aston Martin V8 Vantage Volante, кој е подарок од Емирот на Бахреин.

Брунеи

Брунеи е една од најпросперитетните земји во светот и нејзиниот владетел, султанот, е еден од најбогатите владетели. Султанот го држи Гинисовиот рекорд на најголемата приватна флота Rolls-Royce во светот, со околу 500 примероци. Тој исто така поседува и Maybach 62, Porsche Carrera GT, Bugatti EB110, Lamborghini Murcielago LP640, Bentley Continental R, шест Dauer 962ssix Ferrari FX, пет McLaren F1s и единствениот Mercedes-Benz CLK-GTR со десен волан во светот. Проценка на возилата околу 4 милијарди американски долари.

Тајланд

Сегашниот владетел на Тајланд Маха Вачиралонгкорн, е еден од најбогатите кралски членови во светот. возилото Maybach 62 е ултра луксузно возило кое има сè, од четиризонска контрола на климата до звучен систем BOSE Surround Everywhere со 21 звучник. Заради приватност, возилото доаѓа со затемнети стакла и ламинирано стакло што рефлектира инфрацрвени зраци. Освен овој автомобил кралот најчесто се вози со Rolls-Royce Corniche V, кој доаѓа со 6.75 литарски V8 мотор и кадифен ентериер, секако за најголем луксуз.

Шведска

Шведскиот крал, Густаф, е познат по своите AC Cobra, Porsche, Shelby Mustang, Ferrari, 1950 Daimler DE27 Limousine и Volvo XC90. Но 2020 се почасти со ексклузивно BMW M8 Competition Coupé кое доаѓа со 4.4 литарски V-8 кој испорачува 617 КС.