Убавината е релативна работа. Таква е ситуацијата и со автомобилите. Се е до окото на гледачот. Затоа SUV возилата за едни се привлечни, но за други се седаните, некои се фасцинираат повеќе од тоа што има автомобилот во внатрешноста, моторот или како што автомобилските фанатици би рекле „срцето на автомобилот“, додека други се фасцинирани од надворешниот или внатрешен дизајн. Поради оваа причина пазарот на автомобили е толку разновиден. Но поради истата причина дизајнот на автомобили може да се брои во вистинска уметност. Но во обид да се реши проблемот на „најубав автомобил на сите времиња“ Carwow решил да го искористи тоа што се знае како „златен сооднос“, развиено во Античка Грција за да се измерат „совршените пропорции“ во физичка и математичка смисла. Па нивното истражување даде вакви резултати: