Дури и 70-годишниот Tales of The Macallan Volume I вискито кое чини 80.000 долари е надминато од страна на најстарата креација на прославениот шкотски производител нареченa The Reach.

Со цена од астрономски 125.000 долари, 81-години стариот пијалок чини исто како и целосно нов Porsche Taycan. И тоа не само базичниот модел на луксузниот електричен автомобил, туку речиси колку и GTS верзијата која е со многу побогата опрема и подобри перформанси.

Macallan The Reach

Првично дестилиран уште во 1940 година, секоја капка од овој „сингл малт“ е извлечена од исто буре. Токму затоа, вкусните ноти на овој Macallan The Reach на мирис се одликува со примеси на темно чоколадо, сладок цимет, смокви, кожа, розев грејпфрут и богата арома. Со секоја голтка вашето непце ќе почувствува ноти на карамел од меласа, џем од дива капина, кристализиран ѓумбир, морско оревче, ананас, пекан орев и чад од дрво. Финишот е интензивно богат, сладок и зачаден.

Исто како и Macallan Volume I, така и The Reach добива исклучителна презентација. Спектакуларниот стаклен декантер е поставен во лулка од три бронзени раце, исковани од шкотската скулпторка Саскија Робинсон.

Едната рака е посветена на работниците во дестилеријата од 1940 година, додека втората е моделирана според раката на Алан Шијак, некогашниот претседател на Macallan кој ја водел компанијата кога дистилацијата започнала. Третата припаѓа на Виски Мајсторот Кирстин Кемпбел, кој го избрал бурето од кое The Reach потекнува.

И шишето и бронзената скулптура се сместени во специјално дизајнираната кутија обложена со логото на Macallan и жигосана илустрација на имотот на дестилеријата.

Macallan The Reach

Macallan The Reach нема да биде достапен во слободна продажба, но вашиот интерес, доколку сте подготвени да го изберете ова виски наместо нов Porsche Taycan, можете да го проследите на сајтот на шкотската дестилерија.