Во 1975 година Old Midleton дестилеријата стави крај на своето 150 годишно постоење. Залихите на пијалоци кои останеле, наместо да бидат земени од вработените, едноставно исчезнале.

Се до 18-ти Февруари годинава кога група виски фанатици, се собрале и одлучиле да ја пуштат во продажба најстарата колекција на виски што некогаш била пуштена на продажба, колекцијата Midleton Very Rare Silent Distillery. Прво виски кое ќе оди на продажба е single malt од 1974 година.

виски

Колекцијата ја сочинуваат 48 шишиња. Продажбата ќе биде поделена во шест изданија распределена во шест години. Цените на шишињата ќе се разликуваат, бидејќи со тек на време и староста на пијалокот ќе расте. Почетна цена на едно шише оваа година изнесува 40.000 американски долари.