Благодарение на поволната клима во Европа и важноста на овој пијалок во религијата, винарските визби се развиваа низ целиот континент низ нејзината историја. Винариите не се развиваат само во Европа, туку насекаде, но Европа е дом на најстарите винарии во светот.
Staffelter Hof, Германија Сместен во малото гратче Крев во долината Мосел во Германија, Staffelter Hof е најстарата оперативна винарија во светот. Потеклото доаѓа од бенедиктинската опатија на манастирот Stavelot, основана пред повеќе од 1.150 години. Во 1805 година, се менува сопственоста па така ова богатсво оди во рацете на Питер Шнајдерс. Винарската визба оттогаш останува во рацете на потомците на Шнајдерс, кои со текот на годините и даваат култен статус. Познати се по своето слатко бело вино Riesling. Во 2010 година брендот се ориентира кон органското вино.
View this post on Instagram
Château de Goulaine, Франција Најстарата винарија во Франција е сместена во замок чија историја датира од пред 12-от век. Замокот кој е направен од Tuffeau камен, во период од 69 години, или поточно од 1788 до 1857 година, бил под владение на Goulaine. Произведувајќи вина близу илјада години, денес тој е творец на Château de Goulain Sur Lie, зрело и кремасто овошно бело вино Muscadet, произведено во регионот познат како Muscadet Sèvre et Maine. Оваа винарија исто така произведува Vouvray и Sancerre вина, меѓу низа други. Во близина на замокот има лозја, ниви и пошумени области, што додаваат на неговото значење како икона во бизнисот со производство на вино.
View this post on Instagram
Schloss Johannisberg, Германија Палатата има исклучително интересна историја. Првично бил бенедиктински манастир основан во 1100 година наречен Johannisberg. Подрумот на опатијата, во кој се чуваат вина до денес, датираат од овој период. Но, лозовите насади околу палатата првпат биле споменати во 817 година кога императорот Ludwig the Pious го купил. На почетокот на 18-тиот век, разрушениот манастир е претворен во палата. Откако сменил многу сопственици, му бил даден на принцот Klemens von Metternich во 1816 година. Палатата била бомбардирана за време на Втората светска војна во 1942 година и била повторно изградена од тогашниот сопственик Paul Alfons Fürst von Metternich, чија вдовица, принцезата Tatiana, престојувала таму се до нејзината смрт во 2006 година. Имотот денес има 20 хектари лозја, и произведува од суви до слатки видови, а вината кои се познати за оваа винарија се Eiswein, Spätlese и најквалитетното Schloss Johannisberg’s Riesling. Вината произведени овде се чуваат во дрвени буриња направени од дабови дрвја одгледани во сопствената шума.
View this post on Instagram
Barone Ricasoli, Италија Сместена во регионот на Тоскана, производството на вино е испреплетено со историјата на замокот Brolio, во кој се наоѓа винаријата, која датира од 1141 година. Кон крајот на 17 век, вината биле извезувани во Англија и Амстердам а до почетокот на 20-ти во Гватемала, Јужна Африка, Костарика, Кина и Саудиска Арабија. Едно од најпознатите вина е Chianti, сега познато како Chianti Classico, именувано по областа каде се наоѓа винаријата. Денес Chianti Classico се произведува исклучиво од грозјето Sangiovese. Имотот, кој денес е во рацете на Francesco Ricasoli, се протега на површина од 1.200 хектари, од кои 240 се лозја.
View this post on Instagram
Antinori, Италија Badia a Passignano, еден од најважните имоти во семејниот бизнис за производство на вино на семејството Antinori. Во 1202 година, семејството се сели во Фиренца, по уништување на замокот Combiate. Во 1385 година, Giovanni di Piero Antinori станува член на еснафот на винарите на Фиренца, познат како Arte Fiorentina dei Vinattieri. Денес винаријата е во рацете на 26-та генерација на семејството, а модерната винарија Antinori nel Chianti Classico е архитектонско ремек дело со димензии 40.000 квадратни метри. Изграден во 2012 година во Bargino, огромниот покрив на винаријата гледа на лозјата и се гледа од далеку. Една од неговите најголеми карактеристики е масивното спирално челично скалило што се издига од подрумот до покривот и ги поврзува трите нивоа на зградата. Лозјата околу винаријата се состојат од италијански сорти грозје како што се Sangiovese, Canaiolo, Ciliegiolo, Colorino, Malvasia Nera и Mammolo. Тука исто така се одгледуваат и Cabernet Sauvignon и Cabernet Franc.
View this post on Instagram