Дестилиран алкохол кој е познат како aqua vitae (вода на животот), кој потекнува од зборот uisce што значи „вода“. Пијалок кој прави да се чувствувате убаво, се појавува во различни форми на шишиња, има различен вкус и е спакувано во различни шишиња. Без разлика на сето тоа претходно кажано утврдувањето на вредноста на вискито е одредено од возраста, бојата и брендот, бидејќи има некои дестилерии кои постојат со векови и успеале да создадат нешто што не може да се имитира или надмине. Цената варира. Причината за тоа е возраста, бојата и брендот, од една страна, и од друга страна реткоста на производот која привлекува колекционери и познавачи. Додека масовно произведеното виски нема да остави голем дупка во вашиот паричник, легендарното, единствено виски може да чини богатство. Па затоа ве запознаваме со најскапите виски пијалоци на светот.

The Macallan 1926, The Fine and Rare 60-Year-Old

Цена: 1,9 милиони американски долари

Ова шише кое во 2019 година се продаде за 1,9 милиони американски долари, го прави најскапото продаде виски во историјата. Но се чини дека оваа серија е позната по рушење на рекорди, бидејќи година претходно истиот пијалок било продадено за 1,2 милиони долари во Лондон. Шишето има 700 милилитри „aqua vitae“ и е едно од 40-те кои доаѓаат од истото буре, од кои само 14 ја добија ретката етикета што ја носи ова шише, што го прави уште попосебно.

 

The Macallan 1926 Michael Dillon

Цена: 1,53 милиони долари

Ова виски беше долго време на пиедесталот и го држеше рекордот како најскапо виски се додека „The Fine and Rare 60-Old“ не ја надмина цената. Но ако се прашувате кое шише е поретко тогаш тоа е The Macallan 1926 Michael Dillon. Приказната тече вака: 40 шишиња биле направени од истото буре и уметникот Сер Питер Блејки и Валерио Адами ги дизајнирале етикетите за 24 од нив. Но на ова шише му била дадена посебна етикета, онаа што останала празна и на која интервенирал ирскиот сликар Мајкл Дилон, кој рачно ја насликал Макалан куќата.

 

Yamazaki 55 Year Old

Цена: 795.000 американски долари

Ако очекувавте бренд од Шкотска, Америка или Ирска, тогаш не погодивте. Ова место припаѓа на нешто убаво и поразлично. Ова е едно од најстарите шишиња од најпознатата дестилерија во Јапонија кое до денес го произведува најдоброто виски во земјата комбинирајќи ја шкотската традиција со низа техники и состојки кои се стремат кон совршенство.