Дали со поголема инвестиција доаѓа и поквалитетно образование? Не случајно најдобрите училишта се и толку скапоцени… Образованието може да биде скапо без разлика дали станува збор за основно, средно или високо.

Многу матуранти секоја година не го продолжуваат своето образование, од друга страна пак студентите од САД кои тежат 1,5 билијарди долари годишно остануваат невработени затоа што им недостасуваат потребните вештини за развој на пазарот на трудот.

Богаташите трошат илјадници долари за едукација на нивните деца, кои за разлика од децата кои учат во конвенционлни интернати, децата кои доаѓаат од богати семејства учат во училишта со квалитетно образование, загреан базени, џакузи и спортски сали со 5 sвезди.

1. Institut auf dem Rosenberg- Швајцарија, школарина: над 150.000 американски долари годишно. Иако е меѓу најстарите училишта во Швајцарија, бројот на ученици е ограничен на не повеќе од 260 од целиот свет. Повеќето ученици кои учат тука доаѓаат од семејства на претприемачи и треба да го превземат семејните бизниси. Околу 99% од учениците го продолжуваат образованието на светски водечки универзитети.

училишта

2. Collège Alpin International Beau Soleil- Швајцарија, школарина: над 140.000 американски долари годишно. Престижното училиште кое има 250 ученици годишно, освен наставната програма нуди и учење на други активности како скијање, нуркање, велосипедизам…

3. Institut Le Rosey-Швајцарија, школарина: околу 130.000 американски долари годишно. Уште познато како „училиште на кралевите“, можете да претпоставите чии деца учат тука. Покрај кралскиот третман кој го добиваат учениците тука интересен е фактот дека за време на зимските месеци, училиштето се префрла во друг кампус. Главниот кампус на ова училиште е сместен во средновековен замок. Ова училиште е навистина интернационално, бидејќи се почитува правилото на застапеност на 10 проценти од една земја.

4. Aiglon College- Швајцарија, школарина: околу 120.000 американски долари годишно. Оваа школа сместена високо на Алпите осмислена е да изгледа на традиционален британски интернат. Основан во 1949 година од страна на John C. Corlette, кој своето искуство го стекнал предавајќи во училиштето Gordonstoun, кој акцент дава на активностите на отворено.Па така учениците од ова училиште секоја година одат на експедиции, кампувања, планинарење, кајакарење…

5. Collège du Léman-Швајцарија, школарина: точно 94.300 американски долари годишно. Меѓу најексклузивните училишта во светот каде учат приближно 2.000 ученици од 100 земји. Ова училиште обезбедува образование на меѓународно ниво акредитирано од Европскиот совет на меѓународни училишта и Здружението на колеџи од Нова Англија. Студентите кои го завршуваат образованието во оваа институција зборуваат течно англиски и француски јазик.