Во светот постојат многу видови на кафе, може да се каже многу чудни видови на кафе, но едно од најчудните е кафето направено од животински измет. Целата убавина во ова кафе доаѓа од уникатниот процес низ кој поминува зрното кафе кое на крај дава кафе со прекрасен вкус.

Што се однесува до кафето од животински измет, постои уникатен процес на ферменатција што се одвива во дигестивниот систем на животните, така што зрното кафе се разградува и физички се менува со што се намалува неговата киселост и горчина. Па да наброиме неколку од познато скапите кафиња од „животински измет”.

1. Цивети (Kppi Luwak): Ова кафе е откриено во Индонезија, но денес се произведува на Филипините, Бали, Суматра, Сулавеси, Западен Тимор. Генерално познато како најскапото кафе на светот (не е точно) ова кафе доаѓа од изметот на животинка од фамилијата Viverridae која живее главно во Азија, но може да се најде во јужна Европа и Африка. Ова животно често се појавува на плантажите со кафе за брза закуска.

За време на процесот на варење, како што зрното кафе се движи низ дигестивниот тракт, кожата и пулпата се отстрануваат, но самото зрно не подлежи на дигестија, туку поминуваат низ единствен процес на ферментација. По 24 часа, зрното се исфрла преку изметот, по што се собира, двои, мие и пече. Од тука се добива кафе кое има јаткаст, земјен, гладок, скоро мек вкус, со недостаток на горчина која се изгубила во процесот. Цената на ова кафе достигнува 100-600 американски долари за половина килограм.

2. Мајмун: Технички ова кафе не доаѓа од мајмунски измет, но секако процесот на дигестија е вклучен. Ова кафе доаѓа од Чикмагалур, Индија, област позната по бујните, ридести предели, обилните врнежи од дожд, планините, плажите… и производството на кафе. Климата е совршена за мајмуните од видот Макаки- Резус, кои живеат близу до бројните насади за кафе низ регионот.

Мајмуните имаат тенденција да ги собираат највисоките, најздравите, најслатки, најквалитетни зрна од секое растение и да ги џвакаат пред да ги исплукаат. Значи, додека мајмуните седат како кралеви, џвакаат и плукаат, работниците трчаат и внимателно ги вадат зрната од плунката.

Потоа зрната се мијат и обработуваат при што се добива кафе со пријатна заокружена киселост, со мала доза или без горчина. Цената на ова кафе е 320 американски долари за половина килограм.

3. Слон (Black Ivory): Општо познат како Black Ivory, ова зрно е природно рафинирано во кој е вклучен само тајландскиот слон од Бан Такланг, Тајланд. Процесот на создавање на овој вид на кафе е сличен како кај Копи Лувак со таа разлика што е многу по етички.

Процесот започнува со плод од Thai Arabica кои растат во идеални услови на надморска висина од 1.500 метри. Плодот се бере и им се дава на добро згрижените слонови во мешавина со друга храна. Штом зрната кафе ќе поминат низ дигестивниот систем на слонот (кој може да трае некаде од половина ден до три дена) остатоците од изметот на слонот се собира каде се бараат недигестираните, цели зрна кафе.

За да се произведе еден килограм на вакво кафе потребно е слонот да изеде 36 килограми плодови. Потоа зрното се мие, се суши природно на сонце, се сортира со што се избираат само поголемите зрна кафе. Вкусот е опишан како полн со слад, чоколаден, цветен… вистинско богатство во уста. Ова е најреткото кафе на светот а исто така и доста скапо. Цената е 1.000 американски долари за половина килограм.

4. Лилјак: Artibeus Jamaicensis е вид на лилјак што ги населува шумите околу Coffea Diversa Coffee Garden на југот од Костарика. И овде е вклучен дел од дигестивните сокови на лилјакот и не е типично кафе од измет.

Всушност лилјакот ја гризе кората на плодот и ја лиже пулпата со цел да конзумираат малку од шеќерот кој го содржи. Вака третираните зрна со дигестивни киселини од лилјакот се оставаат на растението да се исушат природно колку што е можно подолго.

На крајот само најдобрите зрна се берат, претворајќи ги во навистина прекрасно кафе со овошна и цветна нота со мала доза на киселост. Овој вид на кафе е тешко да се добие а цената е малку поприфатлива, 230 американски долари за половина килограм.

5. Птици: Кафе од птичји измет или Jacu птици. Оригинално собрана на фармата на Henrique Sloper, Бразил, оваа семејна фарма е пример за висококвалитетно, органско, холистично одгледувано кафе. Целата приказна започнува во 2009 година, по инвазија на Jacu птици на нивните плантажи, каде птиците ги јадат плодовите.

Бидејќи другите фарми не биле засегнати од овој проблем, семејството помислило дека нивните холистички, биодинамични методи на одгледување всушност ги привлекува птиците.

Всушност и навистина овие птици ги јаделе само најдобрите плодови, кое резултирало со дигестирани зрна кои даваат ексклузивно кафе со пријатен вкус на кафеав леб, меласа, млечно чоколадо и анасон. Половина килограм од ова кафе чини 330 американски долари.