Во светот на богатите и славните, се чини дека речиси невозможно е да се постават нови стандарди и да се изненади луксузот. Но Leon Verres, по легендарниот Billionaire Vodka парфем кој е распродаден и не може да се набави, ја претстави својата најнова креација, парфемот „Billionaire Fragrance for Men”.
Со цена од 2,25 милиони долари, ова е најскапиот машки парфем во светот. За оваа цена се добива 1,5 литри најчист Eau de Parfum. Тајната на формулата а и причината за толку високата цена е начинот на производство. Процесот на филтрирање на луксузната течност тече низ дијаманти, кои вредат неколку милиони долари.
Скапоцените камења му даваат исклучителни мирисни ноти што не може да се постигне со кој било друг начин на производство. Таквиот скапоцен мирис заслужува достоинствено пакување. Елегантното шише не само што е ремек-дело, туку исто така, е украсено со повеќе од 1000 дијаманти.