Имотот Chartwell е седиште на комедија од 60-те The Beverly Hillbillies, а денес е најскапиот имот во Калифорнија, во сопствеништво на Лахлан Мурдок.
Станува збор за медијски могул, ко-сопственик на медиумската империја FOX, создадена од страна на неговиот татко, Руперт Мурдок.
Според агенцијата за недвижнини, имотот е составен од 4 парцели кои Мурдок ги добил по цена од 150 милиони долари. Станува збор за површина од 10 ари на кои се простира имотот и уште 1.3 ари веднаш до имотот, каде се наоѓала некогашната резиденција на Роналд Реган.
Имотот се нарекува Chartwell, а е граден уште во 1930-те. Погледнете како изгледа.