По официјалното претставување на Саемот за автомобили во Женева во 2019 година, „La Voiture Noire“ на Bugatti е конечно подготвен. Од компанијата споделија тизери за „La Voiture Noire“ паркирани покрај француските знаменитости како што се Arc de Triomphe и Ајфеловата кула, со натпис „Past? Future? It does not matter what year this is anymore. When you want to find something so badly, it’s always Day 1 of the chase. See you on May 31st, 2021.” Се очекува „La Voiture Noire“ да се напојува со 8.0-литарски, 16-цилиндричен квад-турбо мотор, подготвен да произведе 1.479 коњски сили. Естетски, автомобилот се одликува со динамична, елегантна обвивка конструирана од јаглеродни влакна, и секако шест издувни цевки, кои го „прават“ овој автомобил. Овој автомобил ја носи титулата најскап нов автомобил создаден досега, и е проценет на 18 милиони американски долари. Информации за сопственикот на овој автомобил сеуште нема, но се шпекулира дека е купен од поранешниот претседател на VW групацијата, Фердинанд Пиех.

View this post on Instagram

A post shared by BUGATTI (@bugatti)