Иако многу работи се случија во 2020, сепак светот на патиките имаше една од најинтересните и најпрофитабилни години. Без разлика дали станува збор за соработки на брендови, препродажби, нови модели, патиките доминираа уште еднаш. Сепак и патиките влегуваат во профилот на висока машка мода, доколку се одбере нешто ретко.

Модели како Air Jordan 1 и Nike Dunk уживаа една од најдобрите години, доминираа и тие како Dior кои донесоа креативен пресврт, а класиките едноставно се силуета кои не можете а да ги немате. Но сумирано, 2020 може да се пофали со патики кои имаа „нормална“ малопродажна цена, но достигнаа висока цена на препродажба.

Kasina x Nike Dunk Low- Neptune Green Цената на овие патики од 120 американски долари драстично се зголеми (препродажба дури 1.292 долари) поради тоа што беше лансирана само во Јуќна Кореа, како соработка на Nike со јужнокорејската Skate Shop Kasina.

Grateful Dead x Nike SB Dunk Low- Green Обележана како една од најкреативните соработки на годината, рок групата Grateful dead и Nike.

патики

Air Jordan 1 High- New Beginnings Докажувајќи ја трајната моќ што ја има, New Beginnings, лансирана за време на All-Star Weekend, дава почит на оригиналните Jordan од 1985.

Cactus Plant Flea Market x Nike Dunk Low- Silver патиките обложени со Swarovski кристали се најдоа на нозете на многу славни личности.

Nike SB Dunk High Reverse Skunk Лансирани на 4 Април 2020, само 420 парови од овие Nike SB се појавиле на пазарот и тоа секој пар обележан. Поинтересното е што малопродажната цена на еден пар беше 140 американски долари, додека цената на препродажба достигна до 4.500 американски долари.

Dior x Air Jordan 1 Low Ниските патики од „високата“ мода направија значителени промени на пазарот. Ексклузивноста си го постигна своето.

Dior x Air Jordan 1 Патиката создадена од Ким Џоунс и Nike, може да се пофали со највисока цена на препродажба, дури 10.103 американски долари. Веројатно цената на овие патики ќе продолжи да расте!

патики