Ова уметничко дело е во суштина најскапата банана во светот која достигна цена до 120 илјади долари.

За жал, денес скоро секој си дозволува да се нарече себеси уметник, а големата маса аплаудира на секоја глупост која ќе се сервира на бело платно. Ова е доказ дека не сме напреднале многу и дека сè уште возиме со истото темпо. Пред некој ден, на една уметничка изложба во Париз, еден уметник со самолеплива трака залепи обична банана на ѕид. 

Неговото име е Маурицио Кателан, а на светот му е познат по уште еден ваков уметнички подвиг – својата златна WC школка, која го држи рекордот на најскапа во светот бидејќи нејзината цена изнесува 16 милиони долари. Овој пат, Кателан успеа повторно да ја шокира својата публика со една обична банана, како лично креативно дело наречено Comedian. 

Златната WC школка на Кателан

Иако многумина би помислисле дека е обична глупости, за бананата на Кателан се јавиле и тројца купувачи, кои платиле сума од 120 илјади долари. Гарант ви е криво што не ви текна вам порано. 

Во саботата, артистот Давид Датуна, се нашол меѓу многубројната публика во галеријата, па ја тргнал бананата од ѕидот и ја изел, изјавувајќи: „Го сакам Маурицио Кателан и ова негово дело. Навистина е вкусно.“ 

Бананата е заменета со друга и отстранета од изложбата од безбедносни причини.