Алика Шмит, која многумина ја сметаат за најсекси спортистка на светот, официјално ќе учествува на Олимписките игри во Токио ова лето.
Германската атлетичарка која се натпреварува во повеќе дисциплини, се здоби со светска слава поради својот изглед пред четири години, откако Busted Coverate објави сторија за неа. Сега, не само што суперлативите за нејзиниот изглед останаа, туку и нејзиниот долгогодишен сон за да стане Олимпиец конечно се остварија.
„Tokyo is calling – Одам на Олимписки игри!“, објави Шмит на Instagram. „Чувството е нереално! Многу сум благодарна и истовремено воодушевена што ќе искусам нешто за што сонував откако започнав да се занимавам со ова! Едвај чекам!“.
Според Daily Star, Шмит ќе се натпреварува во германскиот тим во женската 4х400 штафетата и на првата 4х400 мешана штафета на Олимписките игри. Спортистката, која има спонзорски договор со Puma, се натпреварува веќе со години, а најголемиот успех и е сребрен медал на Европското атлетско првенство до 20 години во штафетата 4х400.
View this post on Instagram
И додека Шмит има 1,7 милиони следбеници само на Instagram, таа има скромен пристап кога станува збор за нејзиниот статус на најсекси спортистка на светот.
„Не знам зошто ја добив оваа титула. Спортот секако ми е на прво место. Постојат илјадници девојки на Instagram кои изгледаат добро и сепак немаат толку фанови“, вели таа.