Најновиот број на Машки Магазин за декември/јануари е веќе во продажба. Се потрудивме, како и секогаш, да го исполниме со интригантни содржини. Имавме прилика да ве воведеме и информираме за светот на културата, музиката, уметноста, филмот. Ве носиме на патување кое сигурно нема да ве остави рамнодушни и модно да ве освестиме, па во Новата година да влезете со поинаков, стилски елан. 

Особено задоволство ни беше разговорот со соговорниците, кои своето искуство, приказни, професионалност, ни дозволија да ја споделиме во вас. Ова се само дел од содржините кои можете да ги најдете во најновиот број на Машки Магазин.

Машки Магазин

Маж од насловна: Сашко Коцев

Извонредниот и секогаш елоквентен, актерот Сашко Коцев во улога на изморениот Дедо Мраз(читај Bad Santa) за насловната страна на новогодишниот број. Ги начнавме неговите почетоци во глумата, зборувавме за емоциите на еден актер, за моменталниот хумор, за вистинските мажи во Македонија.

 

Бизнис интервју: Марио Мирсинов

Бизнис видиците овој пат ги подмладивме со младиот Марио Мирсинов, дел од лидерскиот тим на Мирана, Markt и BioCosmos. 

 

Урбан лик: Никола Ефтимов

Дефиницијата за етички и естетски вредности, особено кога е во прашање модниот дизајн во Македонија, ја поставува токму тој – дизајнерот Никола Ефтимов со кого разговаравме за квалитетната мода, урбаното живеење и едно убаво Скопје. 

 

 

Девојка од соседството: Наталија Теодосиева

За крај, ви го презентираме и најслаткото. Мултиталентирана, младата актерка Наталија Теодосиева е особено актуелна со нејзиниот најнов филм „Врба“ во режија на Милчо Манчевски. Таа е доказ дека некои луѓе се родени за уметност и дека нејзиниот талент е симбиоза на сите убави уметност. 

Не заборавјте дека Машки Магазин е вашиот најдобар моден додаток и двигател на квалитетниот животен стил.
Новогодишното издание побарајте го веднаш на трафика!