Овој еколошки остров зафаќа површина од околу 8.100 квадратни метри и располага со 5 вили со капацитет од 20 гости. Достапен е за изнајмување и работи исклучиво на соларна енергија. 

остров

Додека ние ги броиме последните сончеви денови и сме носталгичари по летото, во Белизе времето е сончево, а водата топла во текот на цела година. Таму ќе го најдете и островот Кану, нов приватен остров кој може да го изнајмите, на 15 минути оддалеченост од брегот.  Централната вила околу палмово дрво располага со дневна соба, трпезарија и кујна со приватен готвач. Освен рекласирање на островот, можете да уживате и во водените спортови кои ги нуди. Но, највпечатливо од сè? Посветеноста на овој остров кон одржливоста!

Сопственикот Дејвид Кинер вели: „Целта беше да изградиме приватен, еколошки остров со сите комодитети на островите со 5 ѕвезди.“ Островот е опремен со Outback автоматски соларен систем кој собира енергија и ја складира во огромни батерии. Водата се снабдува преку системи за преработка на дождовната вода на покривот. 

Островот има посебен систем кој ја собира водата користена за туширање и ја употребува за тоалетите, со што се штеди 30% вода.