Новиот Ocean Plastic Timepiece на Tom Ford е новиот еко додаток кој е добар за океаните а исто толку добар и за нас. Иако на 16-ти Ноември беше објавен тизер, овој класичен рачен часовник направен целосно од рециклирана пластика собрана од океаните е лансиран оваа недела.

Секој часовник е направен од 35 шишиња. Оваа иницијатива за „етички луксуз“ е резултат на ублажување на тековниот глобален проблем со пластиката. Имајќи го ова предвид, секој детал, од процесот на создавање па сè до пакувањето, може да се потврди дека овој часовник е навистина еко. Превозот на пластични гранули е јаглерод неутрален, производствениот процес се напојува со соларна енергија во Швајцарија, а пакувањето е целосно рециклирано.

Од естетска гледна точка овој часовник е елегантен со тркалезно куќиште од 40 мм. Црно- белата комбинација е совршен за секоја пригода и за секој изглед. На секои илјада произведени и продадени Ocean Plastic Timepiece часовници 222 килограми пластичен отпад ќе биде отстранет од океаните.