Откако минатата недела го објави своето партнерство со Маркус Рашфорд, Burberry ја претстави својата најнова кампања која има за цел да ги соедини фигурите од модата, танцот и спортот. Видеото го носи гледачот од една секојдневна сцена до несекојдневен танц кој тече низ британски пејзаж од град во море.

Кампањата не го изоставува потписот на брендот, а од облека се вклучени палта, јакни, кошули… направени од рециклиран најлон. Како дел од кампањата, Burberry исто така соработува со добротворни организации кои ги поддржуваа младите низ целиот свет, обезбедувајќи им заштита, охрабрување и оспособување со цел обликување на нашата „иднина“.